Денес слави роденден нашиот нов член – Коста Манев
Коста Манев е екс македонски репрезентативец, со дузина одлични партии на клупски и репрезентативен план и може да се пофали со игри во завршниците на клупски и репрезентативни кугларски настани од каде што има бројни одличја.
Тој потекнува од кугларска фамилија во која завидна кариера има и неговиот брат Тодор како и внукот Бранко кој сега игра во хрватски Запрешиќ, а голем дел од својата кариера и Коста ја мина во Хрватска, земја каде овој спорт се игра на високо професионално ниво.
Бидејќи Коста сеуште е навистина квалитетен играч, нашиот тим добива сериозно засилување и кандидат за нов репрезентативец!
Пред да ни се придружи во КК Вардар, Коста играше во Поштар-Сплит и во Шибеник а плодната децениска кариера која тој ја носи зад себе ќе го подигне целокупниот квалитет на нашиот тим и на македонското кугларство целокупно.
Коста веќе ги има носено вардаровите бои и има историја во нашиот клуб а станува збор за настапот со тимот на КК Вардар ГТЦ.
Добре дојде дома Коста!